Кејт Мидлтон крадеше воздишки во долг фустан на банкет во Кенсингтонската палата.
Елегантниот фустан во кралско сина боја на војводката доаѓа од францускиот дизајнер Ролан Муре.
Својот изглед, Кејт го надополни со сандали од Џанвито Роси и накит од Картие.
Фустанот го покажа и нејзиното згодно тело, иако многумина денес коментираат дека претерала со слабеење.
Забавата беше организирана по повод 40-годишнината од постоењето на SportsAid, хуманитарна организација која им помага на млади спортисти.
34-годишната сопруга на принцот Вилијам ја поддржува и соработува со организацијата од 2013 година.