Пријатели, колеги, фанови сите пристигнаа пред капииите на традиционалната муслиманска служба, каде беше изложено телото на Мухамед Али.
Службата три часа беше со отворени врати, а имамот Заид Шакир, кој го водеше џеназето, изјави дека во таа служба се добредојдени припадници на сите вери.
„Ве поздравувам сите. Ги поздравувам муслиманите, ги поздравувам православните, ги поздравувам припадниците на сите други вери. Ги поздравувам нашите сестри, нашите стари, нашите млади. Мухамед Али ги сакаше сите”, изјави Шакир пред насобраните во Кентаки.
Џеназето траеше околу еден час, а на настанот одржаа говор неколку лица. Шерман Џексон изјави дека Али бил шампион на народот, голем борец и пример за црниците во Америка.
Али почина на 4 јуни во 74-та година од својот живот.