Шварценегер ги разочара фановите: Направи селфи на погребот на Мухамед Али

Арнолд Шварценегер и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон решија да направат селфи на многу несоодветно место.

Тие се фотографираа на погребот на боксерската легенда Мохамед Али, а нивното однесување предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи.

Актерот и екс гувернер на Калифорнија на Твитер ја објави фотографијата под која напиша:

„Беше страшно да го видам мојот пријател претседателот Бил Клинтон, кој одржа фантастичен проштален говор на погребот на Мохамед Али”.

Насмеани и прегранти тие предизвикаа негативни реакции кај илјадници луѓе кои сметаат дека погреб не е место за ваков чин.

селфи шварценегер