Уживаат сами: Цеца го слави роденденот со своето момче!

Цеца за неколку дена ќе наполни 43-години, а фолк дивата роденденот ќе го прослави на Кипар со своето момче, манекенот Александар Јововиќ, пишува српски „Курир“.

Пејачката својата врска сеуште ја крие од јавноста, но очигледно и од најблиските пријатели бидејќи не им ја кажала датата кога заминува на одмор.

цеца

Дека тоа е така потврдува и нејзината пријателка и соработничка, Марина Туцаковиќ која вели:

„Цеца не е во Белград, па нема да бидам со неа за роденденот, бидејќи нема да го слави. Само ќе и пратам порака“.

Цеца и Марина

Фолкерката овој пат не ги зема ниту нејзините деца, ниту сестра и на Кипар како што беше случај претходните години.

Оваа Цеца ќе прослави со своето момче во интимна атмосфера.

цеца и новиот дечко