Љубовниот живот на Цеца со години привлекува внимание, иако пејачката неуморно се трудеше да ги скрие своите момчиња од очите на јавноста.
Тоа и одеше одлично се до актуелното момче, манекенот Александар Јововиќ.
Со месеци се шпекулира дека Цеца е во врска со 16-години помладиот манекен со кого моментално престојува на Кипар каде вчера го прослави својот роденден.
По прославата, на оваа тема Цеца изјави:
„Точно е дека сум на Кипар за роденденот, но со најблиските членови на моето семејство и нормално дека Александар не е тука. Тоа е глупсот и не знам до каде ќе одат луѓето со лагите. Морам да напоменам дека јас и Александар сме само пријатели. Дечкото се најде во центарот на вниманието, а да сме заедно досега некој ќе не фатеше и барем фотографираше. Многу ми е жал што еден млад човек доживеа толку удари на своја сметка, а не е виновен“.