Јелена Карлеуша има сериозни здравствени проблеми, но тоа го крие од сите!
За нејзината влошена здравствена состојба знаат само членовите на нејзиното семејство кои и се голема подршка, пишува српски „Курир“.
Пејачката почувствувала малаксаност и силни главоболки уште на почетокот на месецот, за време на одморот во Дубаи.
Иако со фотографиите на Инстаграм покажуваше идиличен одмор, сепак ЈК поголемиот дел од денот го поминувала во соба.
По враќањето во Србија направила неколку испитувања, а резултатите не биле добри.
„Докторите и кажаа дека работата е сериозна. Доживеала стрес по стрес, не се одмарала, многу работела и на крајот тоа е резултатот. Најголемиот стрес го доживеа кога мајка и, Дивна заврши во болница! И ете, шест месеци подоцна и таа оди на истите анализи како Дивна. Цела е на мајка и, нејќе да ги слуша докторите, а состојбата не и е добра“, вели извор близок до пејачката.