Позната причината за смртта: Манда починал од…

Актерот Милорад Мандиќ – Манда, кој почина на сцена на 15 јуни, имал здравствени проблеми со кои се борел со години.

Како што дознава српски „Телеграф“, актерот починал од срцев удар, а екипата на Брза Помош ниту после еден час реанимација не успеала да го врати во живот.

Манда некое време претходно чувствувал потешкотии при дишењето, но сето тоа го препишувал на стресот и напорното темпо на живот и работа.

Актерот за жал почина за време на детска претстава во која го имаше ликот на капетан Кука.

последната фотографија а манда