Инстаграм, една од најпосетуваните социјални мрежи во светот, оваа недела го сруши рекордот по бројот на корисници.
Социјалната мрежа базирана на споделување на фотографии, која е во сопственост на Фејсбук, достигна број поголем од 500.000.000 корисници врз основа на месечните посети.
Оваа бројка во септември изнесуваше 400.000.000, а магичните половина милијарда корисници беа потврдени во вторникот.
Од наведениот број, околу 300.000.000 го користат Инстаграм секојдневно, а 80% од нив живеат надвор од САД. Тој процент во септември изнесуваше 75%.
Инстаграм има повеќе од 95 милиони објави дневно, кои добиваат околу 4 милијарди лајкови во 24 часа.
Информациите за статистиката на посетите доаѓа во време на големи промени во социјалната мрежа, а првенствено кога станува збор за “feed”-от, кој е претворен во алгоритамски модел.