Златан Ибрахимовиќ завршува со репрезентативната кариера

Златан Ибрахимовиќ донесе одлука да ја заврши својата импресивна репрезентативна кариера, по завршувањето на Европското првенство во Франција.

Доколку Шведска утре не ја совлада Белгија во последното коло од групата Е, тоа ќе биде последниот натпревар во жолтиот дрес на скандинавската репрезентација за Златан.

“Многу сум горд на сѐ што имам направено во шведскиот дрес и секогаш ќе го носам знамето во срцето”, изјави денес Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ во 113-те настапи за Шведска има потигнато 62 гола, а на овогодинешното првенство сѐ уште нема дадено ниту еден.