Инстаграм воведува нова опција

Корисниците на социјалната мрежа Инстаграм наскоро ќе можат да добијат преводи на одредени текстови од странски јазици.

Поточно, ќе имаат копче покрај објавата и профилот кој не се на јазикот кој тие го одбрале во нагодувањата. Ова не се однесува сега за сега на индивидуалните коментари и не се знае дали и тие ќе можат да се преведуваат во иднина.

Во последните неколку години Инстаграм доби голем број на корисници, а неодамна објавија дека ја достигнаа бројката од импресивни половина милијарда корисници, но она што е уште поважно е фактот дека оваа социјална мрежа дневно ја посетуваат околу 300 милиони корисници.

Развојниот тим полека и темелно воведува нови опции и донесува подобрувања во апликацијата. Неодамна беше променет и дизајнот, како и логото.