Синоќа поголемиот дел од македонските сајтови објавија дека Игор Џамбазов завршил во болница по доживеан инфаркт, но информацијата е лажна.
По оваа информација преку социјалните мрежи се огласи и Весна Бејби Петрушевски.
„Само едно ја плаши оваа нација , каква е оваа ситуација ? Добро бе дечки , салам ли сте вакви вести да објавувате? Имате ли памет? Игор има сестра, татко …. другари, пријатели…. Срам да ви е! Добар е Игор и да идете сите у три лепе ( извињавај за францускиов)!!!“, пишува Петрушевска на Фејсбук.