Ова е настапот кој му ја донесе победата на Мите Стоилков во „Ѕвездите на Пинк“ (видео)

Струмичанецот Мите Стоилков е победникот на втората сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Пинк“.

Ова популарно натпреварување траеше 10 месеци, а нашиот претставник Мите од емисија во емисија ги докажуваше своите вокални способности.

Синоќа во финалето тој ја воодушеви публиката која очигледно гласаше за него, но и жирито.

Мите натпреварувањето го отвори со култната „Зајди Зајди“, а со својата интерпретација ги остави сите без зборови.

Тој во финалето се одлучи да ги пее и хитот од Тоше Проески – „Чија Си“, но и песните „Чему овај град“ и „Боље могло је“.

ВИДЕО: Мите Стоилов – „Чија Си“

ВИДЕО: Мите Стоилов – „Чему овај град“

ВИДЕО: Мите Стоилов – „Боље могло је“

Сепак нашиот Мите пред последниот пресек на гласовите, односно пред прогласување на победникот, вечерта реши да ја затвори со македонската народна песна „Кирјана“, што всушност му ја донесе и победата.

Струмичанецот до самиот крај остана со српската претставничка Јелена Џуриќ која од почетокот на шоуто важеше за еден од фаворитите.