Дури и гламурозната Викторија Бекам имала не толку гламурозен старт во модните води.
Денес се појави фотографија од првиот моден ангажман на дизајнерката и тоа како модел.
Викторија тогаш имала само 15-години, а позира за реклама за Лондонската академија за здравје и убавина.
Со виткана долга коса и широка насмевка, дизајнерката е непрепознатлива.