Пол Брл, батлерот на принцезата Дајана и еден од нејзините најблиски луѓе во кралството откри каков бил последниот разговор со неа пред трагичната смрт на 31 август 1997 година во Париз.
Според неговите зборови во шоуто „VIP Brother“ Брл открива дека во последните денови Дијана била „очајна“ и „осамена“.
Пред да замине, таа го прашала со многу тажен тон: „Ти ќе бидеш таму, кога ќе се вратам, нели?“.
Таа реченицата го вознемирила Брл, но тој не се осмелил да го помисли најлошото. Но, според негоите зборови Дајана како да предчувствала дека нешто лошо ќе се случи.
Во книгата „Какви бевме“, батлерот вели дека големата љубов меѓу Дијана и Доди била шпекулација.
„Нејзината вистинска љубов во животот, нејзината сродна душа беше срцевиот хирург д-р Хаснант Хан. Таа го сретна во Кралската болница Бромптн. Лифтот токму се затвораше, кога некој ја блокираше вратата со ногата. Таа го погледна во очите и рече: „Разбрав веднаш!“, вели батлерот.
Неколку дена по несреќата Хан му се јавил на Брил и со скршено срце низ солзи му повторувал: „Можев да ја спасам! Можев да ја спасам!“.