Ако мислите дека вашиот татко е “махер” за да ве посрамоти пред пријателите, очигледно не сте го запознале Крис Мартин.
Овој татко ја “трола” својата ќерка тинејџерка со тоа што ги рекреира нејзините селфи фотки. И е пресмешен!
“Мојата ќерка почна да објавува фотографии од себе си и наместо да и кажам да престане ми текна нешто многу подобро”, напиша Мартин на Инстаграм.
Тој е комичар од Вашингтон, и иако неговата ќерка Кеси можеби не би се согласила, ние мислиме дека на овој тип треба веднаш да му се даде титулата за најдобар татко на годината.