Шок во Холивуд: Амал се разведува од Клуни поради…

Џорџ и Амал Клуни повеќе пати беа главна тема на гласините за развод, а овие денови два таблоиди пренесоа дека нивниот брак e на раб на пропаста.

Странските медиуми пишуваат дека британската адвокатка е лута на својот сопруг затоа што одбил да патува со неа на Малдивите, каде што таа треба да лобира за пуштање на поранешниот претседател Мохамед Нашид на слобода.

Амал го замолила Џорџ да појде со неа, бидејќи таа се плаши од терористите, од кои веќе добивала закани со смрт.

Но, тој ја одбил поради што Амал била бесна и тажна.

џорџ и амал

Од друга страна, магазинот „Стар“ пишува дека вистинската причина за брачните проблеми се пластичните операции.

Имено, Клуни наводно сака да оди „под нож“ бидејќи е загрижен околу својот изглед, а Амал не е баш среќна поради тоа.

Славната двојка се венча во Венеција на 27 септември 2014 година.

амал и џорџ клуни