4 најголеми трендови на чанти за лето 2016 година!

Не е тајна дека последниве неколку години во светот на чантите и торбичките, владее минималистичкиот стил, чисти линии, минимално метал, како и црната боја.

Но за 2016 година, забележавме дека неколку нови трендови стануваат се популарни….погледнете кои:

1. Торбички на ланец
Оваа година е година на торбички на ланец. Gucci Dionysus стана најбараниот модел во последниве неколку месеци.

торбички

2. Реси

Како што се чевлите со реси главен хит, така е и со чантите со реси. Не е важно на каква торба се и со која боја, ресите се оваа сезона хит.

recise

3. Женствени чанти со рачки

Иако многумина ќе кажат дека овие торби се секогаш во мода, посебно се истакнуваат во оваа сезона, бидејќи стилот од 70 год. се врати. Одберете софистицирана, стриктуиран модел во неутрална боја и спремни сте да го владеете светот.

торби

4. Mикро торбички

Ова се сигурно најмалку функционалните торбичкии во вашиот плакар – но дефинитивно и најзабавните. Оваа сезона одберете микро тербичка во некои луди бои, кои инаку никогаш не би ги зеле во предвид.

торбички