Лив Тајлер и Дејвид Гарднер и посакаа добредојде на својата ново родена ќерка.
39-годишната актерка се породи вчера вечер, а веста за доаѓањето на свет на малото девојче ја споделија и двајцата родители на своите Инстаграм профили.
Лив и Дејвид објавија иста фотографија на популарната социјална мрежа. На неа, Дејвид го држи заспаното бебенце на своите гради.
Девојчето го доби името Лула Роуз Гарднер.
„Здраво! Нашето прекрасно девојче пристигна, Лула Роуз Гарднер ние сме пресреќни. Срцето ми експлодира од радост“, напиша среќната мајка на Instagram.
Денес парот беше фотографиран додека се упатуваше кон својот дом во Њујорк.