Направете десерт во чаша кој има одличен вкус со неколку состојки. Еве како:
СОСТОЈКИ:
5 јајца
11 лажици шеќер
1/2 литар млеко
густин
цимет
ванилин шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Млекото варете го со 1 лажица шеќер. Одвојте ги жолчките од белките.
Од белките направете шлаг пена и додајте 5 лажици шеќер.
Жолчките изматете ги со 5 лажици шеќер и густин. Ставете ја цела смеса во млекото да се соедини. Нека врие додека не стане густа.
Додајте го и ванилиниот шеќер. Оставете ја малку да се олади.
Ставете во чаша и горе ставете од шлагот. Декорирајте со топка сладолед од ванила. Наросете малку цимет.
Уживајте во одличниот десерт !