За време на финалето на Вимбелдон, папараците ја уловија Ирина Шајк како наводно плаче по караница со Бредли Купер, но вистината е многу поинаква.
Зад солзите на моделот се крие нејзината алергија на полен, тврдат блиски извори до двојката.
Ирина тој ден воопшто не се чувствувала добро, тешко дишела и цел ден имала проблем со солзење на очите.
Од друга страна лутиот израз на лицето на Бредли Купер не бил насочен кон моделот туку кон бившиот тенисер Стефан Едберг кој седел веднаш до Ирина.