Селена Гомез со 4,2 милиони лајкови ја има „најлајкуваната фотографија“ на Инстаграм.
Станува збор за фотографија на која Селена пие кока-кола и е облечена во црвена маичка.
Меѓутоа, на обвивката на шишето е напишано: „Ти си искра“, зборови од нејзиниот минатогодишен хит „Me and the Rhythm“.
Селена е дел од најновата кампања на компанијата „Кола Кола“, „Сподели Кока Кола и песна“.
Компанијата направи партнерство со Селена, бидејќи таа е една од ѕвездите со најголем број следбеници на Инстаграм, и има речиси 90 милиони следбеници.
„Се обидувам да останам своја, а истовремено знам како да направам добра фотографија со добро осветлување“, изјавила Селена за „Холивуд рипортер“. Таа вели дека сама ги уредува своите профили на социјалните мрежи.