Бијонсе својот најголем хит го посвети на жртвите во Турција

Бијонсе моментално е на светска турнеја, а на последниот концерт во Амстердам направи неверојатен гест посветен на жртвите во Турција по бомбашкиот напад на аеродромот во Истанбул.

Ѕвездата го изведе синглот „Halo“ во спомен на загинатите над 260 лица.

„Оваа песна е за љубовта. Сакам да ја посветам на сите изгубени животи во Турција”, рече пејачката за време на концертот.

бијонсе

Со последните песни и настапи во живо на Бијонсе зазема силна политичка и социјална позиција.

Претходно оваа година ѕвездата предизвика спротивставени реакции со песната „Formation“ и нејзиното изведување за време на „Super Bowl“.

бијонсе супер бол