Синоќа заврши 14-то издание на фестивалот на пивото, „Пивофест“ во Прилеп, каде настапија едни од најголемите македонски и балкански ѕвезди.
Помеѓу изведувачите кои се појавија на сцената беше и Каролина Гочева!
Македонското девојче кое за првпат настапуваше на „Пивофест“ блесна во долг бел фустан кој и создаде мали проблеми.
Патентот на фустанот на Каролина за жал не издржа, па кога таа се сврши јасно беше дека тој пукнал.
Иако доживеа мал моден гаф, сепак пејачката не дозволи ова да го расипе нејзиното расположение и настап, па како вистински професионалец продолжи како ништо да не се случува.
Каролина во секој случај изгледаше прекрасно!