Мелита Ракичевиќ секој ден објавува фотографии од нејзините дневни модни комбинации, а последната го привлече нашето внимание.
Екс водителката позира во зелен фустан со долги ракави стилизиран со високи црни римјанки кој и стои одлично.
Но, речиси идентичен ваков фустан носеа и неколку светски познати дами месеците наназад.
Во мај за роденденот на Скот Дисик, Кортни Кардашијан се појави во фустан со ист принт со потписот на Версаче, за само неколку недели подоцна истиот да го облече и Ирина Шајк.
Сега неколку месеци подоцна ја гледаме и Мелита во ваков стајлинг. На која и стои најдобро?