Јавно си ја избричи главата: Ѕвездата на „Беверли Хилс“ боледува од рак (фото)

Некогашната ѕвезда на серијата „Беверли хилс“ и „Волшебнички“ откри дека боледува од рак на дојка минатата година.

Шенон Доерти со помош на својата мајка Роза и пријателката Ен Котрајт Шлистат ја избричи главата поради борбата со ракот, а фотографија од новиот изглед сподели на Инстаграм.

„Модла за колач, чоколада и брич… останете вклучени“, стои под фотографијата каде го има и хаштагот #cancersucks.

бренда беверли хилс рак

Шенон објави и мошне трогателна фотографија на која се подготвува за промената, а за магазинот „People“ изјави дека започнала со терапии.

бренда беверли хилс рак

„Продолжувам да се хранам здраво, вежбам и останувам позитивна. Благодарна сум на моето семејство, пријателите и лекарите на поддршката и секако на моите обожаватели кои беа покрај мене“, изјави Шенон.

Шенон откри дека ќе и бидат потребни неколку хируршките операции, а можната е и мастектомија.

Generated by  IJG JPEG Library
Generated by IJG JPEG Library