Во медиумите денес одекна веста дека Лејди Гага и Тејлор Кини ја раскинаа свршувачката по вкупно 5-годишна врска.
Пејачката последно беше забележана без вереничкиот прстен, а Тејлор без нејзино присуство го прослави роденденот.
Но, и покрај се Гага реши преку Инстаграм да ја даде својата прва изјава по повод раскинувањето а свршувачката.
„Тејлор и јас веруваме дека сме сродни души. Како и многу други паровиу, ние имаме и подеми ио падови во нашата врска и решивме да направиме пауза. И двајцата сме амбициозни уметници кои се обидуваат да продолжат со својата љубов на далечина и со многу напорни распореди. Ве молам навивајте за нас. Ние сме како сите останати луѓе и се сакаме многу“, напиша пејачката под фотографијата на која тие двајца се гушнати.
Што ќе се случува и дали Лејди Гага и Тејлор Кини ќе бидат повторно заедно останува да видиме.