Јелена и Новак Ѓоковиќ уживаат на одмор во Марбеља, Шпанија од каде ги поздравија фановите со интересна фотографија.
На неа парот е на лежалка во прегратка, а Јелена имаше супер објаснување што се случува во тој момент.
„Само да можете да го видите другиот дел од фотографијата и да сфатите колку Новак ужива во овој миг. Додека го гушкав една фина жена му ги масираше стапалата. Колку беше пресреќен! Кога говориме за љубовта среќа е кога личноста која ја сакаме е среќна. Се смеам затоа што сакам кога тој е среќен“, напиша таа.
Очигледно Ноле знае како да ужива.