Мартија Станојковиќ од Куманово ќе биде новата претставничка на Македонија на овогодииздание на детската Евровизија.
12-годишната финалистка на шоуто „Пинкови ѕвездички“ во силна конкуренција е избрана да ја претставува Македонија на престижниот фестивал, објави Македонската радио-телевизија.
Натпреварувањето ќе се одржи по 14 пат оваа година и тоа на 20 ноември во Валета, Малта.