Во многу наврати досега сфативме дека Рита Ора сака да го покажува своето тело, посебно кога станува збро за провокативни појавувања.
Пејачката последно се појави во портокалов дуксер под кој не носеше ништо.
Рита во вакво издание се појави во Њујорк додека одеше да ја замени Тајра Бенкс во улогата на водителка на реалното шоу „America’s Next Top Model“.
Ова издание многумина денес го споредуваат со ова на Ким Кардашијан пред неколку месеци.
Тогаш реалити ѕвездата се појави во дуксер од колекцијата на Кание Вест за Адидас, сличен на овој што го носи Рита Ора.
Инаку ова не е прв пат пејачката да го ископира стајлингот на Ким. Само за потсетување, тоа се случи и со фамозниот розев фустан од латекс.