Научете како сами да си ги декорирате тортите

Состојки:

1 ќесичка желатин во прав
50 мл ладна вода (за желатинот)
20 мл вода (за фруктозата)
100 гр фруктоза или декстроза
1 лажица глицерин
900 гр шеќер во прав

Подготовка:

Желатинот полијте го со 50 мл ладна вода и оставете го да нарасне. Фруктозата или декстрозата ставете ги во сад за готвење и полијте ја со 20 мл ладна вода. Ставете ја на рингла за да се истопи и цело време мешајте. Нека врие 20-30 секунди и додајте една голема лажица глицерин и надигнатиот желатин. Се заедно измешајте.

Во сад ставете 500-600 гр шеќер во прав и постепено додавајте ја растопената смеса. Измешајте. Во вака добиената смеса додаваме уште шеќер во прав. Постепено додавајте шеќер во прав, убаво изработете и префрлете го на работна површина. Додадете го останатиот шеќер во прав и изработете го фонданот.

декорација

Готовиот фондан оставете го да отстои 30 минути на работната површина, потоа ставете го во пластична фолија и чувајте го на собна површина. Најдобро е да се искористи во рок од 7-10 дена. Ваквиот фондан најдобро се обојува со гел-бои, но доколку користите прехранбени бои претходно додадете им малку вода или алкохол.

фондан