Џенифер Анистон се расплака додека држеше говор (видео)

Џенифер Анистон на филмскиот фестивал „Giffoni Film Festival“ во Италија ја освои наградата за доживотно остварување.

По ова достигнување актерката реши да се отвори и да раскаже за своите несигурности.

„Едно утро се разбудив и не знаев која сум. Сите ние сме човечки суштества на крајот на денот, без разлика дали сме актерка, келнерка или пекар или студент, се случува на секого на крајот на денот да не сака да продолжи понатаму. Или да каже ова е премногу“, искрено раскажува Анистон.

Таа исто така во еден момент додава дека тоа што сте познати не ви дава имунитет, не сте поразлични од другите луѓе.

За време на својот говор Анистон се расплака, а нејзиното излагање во целост погледнете го во продолжение.