Тоби Шелдон, момчето кое потроши 100.000 долари за да личи на Џастин Бибер, за жал почина.
35-годишникот бил пронајден во мотелска соба во Сан Фернандо, каде службените лица констатирале смрт.
Според аутопсијата Тоби починал од предозирање со апчиња, односно преголемо количество на седативи.
Ова момче беше познато како двојникот на Џастин Бибер, а се појави во неколку реални шоуа, како „Botched“ и „My Strange Addiction“ за да зборува за својата трансформација.