2016 година ќе биде запамтена по големиот хаос која го донесе во светот, но исто така и по крајот на некои љубовни врски во Холивуд.
Само на средина на годината, а веќе има многу изјави кои потврдуваат гласини за прекин на многу врски.
Еве еден депресивен поглед кон паровите кои ставија крај на својата љубов оваа година.
1. Лејди Гага и Тејлор Кинеј
После пет години, овој викенд Гага потврди дека става крај на својата својата врска со нејзиниот вереник, актерот Тејлор.
2.Дајан Кругер и Џошуа Џексон
После цели десет години и многубројни заеднички појавувања на црвениот тепих парот стави крај на долго годишната врска.
3.Тејлор Свифт и Калвин Харис
Музичкиот пар го објави разделувањето во јуни со твит на Харис дека тие сеуште се сакаат и почитуваат.
4. Џони Деп и Амбер Хард
Една година после нивната венчавка на Бахамите, Хард бара развод обвинувајќи го Деп за семејно насилство.
5. Ози Озборн и Шерон Озборн
После 33-годишен брак ѕвездите се разделуваат, а гласините велат дека причина за тоа е афера која ја имал Ози.
6. Деми Ловато и Вилмер Валдерама
„Сфативме дека сме подобри како најдобри пријатели“, изјави Ловато после прекинот на 6-годишната врска со својот дечко.