Досега необјавени снимки од третата свадба на Мерлин Монро

Иако Мерлин Монро го живееше својот живот под будното око на камерите, постојат тајни снимки кои сепак успеала да ги зачува во тајност.

Но, сега Милтон Х. Грин, моден фотограф и пријател на холивудската икона дава поглед кон животот на Монро со нови интимни слики од нејзината трета венчавка.

Првпат се омажила на 16 години, а само по 4 години се развела. Вториот брак се случил во 1954 година и траел само една година.

мерлин монро хитпортал

Само година подоцна, улогата на младоженец ја имал Артур Милер.

Во видеото на Милер можеме да ја видиме Мерлин како го бакнува својот нов сопруг и ги поздравува гостите.

На снимките романтично танцува со својот нов кавалер и позира на кревет за време на снимањето.

„Тие поминуваа многу време заедно и таа често знаеше да истрча кај Милтон и неговото семејство за да избега од притисокот во Холивуд“, кажа Тимоти Вајт за „Venity Fair“.

Таа доверба му даде на Милтон шанса да биде со неа и да ја снима слободно.

Повеќе фотографии од свадбата погледнете ТУКА.

монро и артур милер