Овие денови актерката и нејзината дванаесетгодишна ќерка поминуваат низ вистински пекол, откако злоставувач ја нападна Мина, а медиумите ја пренесоа информацијата.
Весна Петрушевска пред два дена објави статус на Фејсбук во кој истакна дека нејзината ќерка е вистински херој, затоа што и покрај се што и се случило, реши да проговори за несреќниот случај со цел да ги предупреди другите девојчиња.
Сега откако јавноста е добро запознаена со случајот, таа напиша емотивен статус кој никого не остави рамнодушен, за нејзината ќеркичка која преживеала хорор викендов.
Весна побара смрттна казна за педофилите кои за жал ги има на секој чекор.