29-годишниот Кит Веглин од Сакараменто, Калифорнија беше уапсен после шлаканицата која му ја удри на Џастин Тимберлајк на голф турнирот за славни личности на езерото Тахо викендов.
Случката помеѓу Кит и Џастин беше снимена и на видеото се гледаше како раката на Веглин го допира пејачот кога проаѓа низ толпата.
Шерифот Пол Хауел изјави дека Кит бил приведен во саботата за прекршок, но бил ослободен доцна во ноќта откако платил кауција од 640 долари.