Се шпекулира дека познатиот пар Селена Гомез и Џастин Бибер повторно ќе бидат заедно, овој пат во песна.
24-годишната пејачка овој викенд ги полуде фановите со Snapchat видео на кое ја пее „Let me love you“ , песна на Џастин во соработка со Ди-Џеј Снејк.
На клипот пејачката лежи во кревет во црна маичка, смеејќи се најверојатно на прашината што ќе ја крене објавувајќи го видеото.