Фудбалската легеднда Дејвид Бекам е маж по кој воздивнуваат многу жени во светот, и тоа не само затоа што одлично изгледа, туку затоа што е и добар татко.
Убав, згоден и грижлив Бекам уште еднаш ги стопли срцата на понежниот пол откако на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како одмара со неговата мала ќеркичка во прегратка.
„Време е за одмор“, напиша Дејвид на својот Инстаграм профил, по што следеа гомила од позитивни коментари.