За време на невремето коа го зафати скопскиот регион во саботата, во кое животите ги загубија 21 лице, на социјалните мрежи почна да кружи веста за херојот кој спасил голем број животи.
Станува збор за Веле Богатиновски, кој на обиколницата ги предупредувал возачите и ги спречувал да се упатуваат кон кризните подрачја со своите автомобили.
Неговиот идентитет го откри д-р Елка Јачева- Улчар, професорка од институтот за македонски јазик која преку социјалните мрежи ја пренесе сторијата за херојот.
Веле Богатиновски на својот Фб профил сподели видео кое го снимил по доаѓањето на полицијата која ја преземала работата, откако тој сам спасил стотици животи пренасочувајчи ги заглавените возила на обиколницата.