Продукцијата во шок: Продадени над 5.000 карти за долгоочекуваниот концерт на „Продиџи“

Организаторите очекуваат на концертот на „Продиџи“, кој ќе се одржи на 14 август во Охрид, да има 15.000 посетители.

За претстојниот концерт на еден од најголемите концертни бендови на светот на сите времиња „Продиџи“, кој ќе се одржи на 14 август на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, досега се продадени над пет илјади влезници.

Од „Авалон продукција“ велат дека со вакво темпо на продажба се очекува да биде надминат рекордот од концертот на Лени Кравиц, на кој имаше 12.000 посетители.

продиџи