Што им значат? Приказната за тетоважите на познатите ѕвезди

Тетоважите се голем дел од денешната култура, а многу од светските ѕвезди ги имаат по телото.

Еве неколку од тетоважите на познатите и значањето зад нив.

Деми Ловато

Пејачката додаде уште една тетоважа на нејзината прилично голема колекција, смајли на малиот прст.

„Животот е премногу краток за да не си го истетовираш малиот прст“, напиша Деми на нејзиниот Инстаграм.

Деми Ловато

Кајли Џенер

Кајли конечно ја откри приказната за црвениот натпис на нејзината рака.

Таа на Инстаграм фотографијата напиша: „Тоа е името на баба ми напишано со ракописот на дедо ми“.

Ксјли Џенер

Сем Смит

Пејачот направи дури 4 нови тетоважи.

Првата е знак за еднакво на неговиот прст каде што стои бурмата, за еднаквост на геј браковите.

Втората на внатрешноста на неговиот прст е првата документирана тетоважа најдена на мумија.

Третата е „искреност“ напишано на неговата рака, а четвртата е „сам“ исто така на неговата рака за која се шегува дека е мелахоничем, но не е осамен.

Сем Смит

Селена Гомез

Нејзината нова тетоважа е на арапски, а пишува „прво сакај се себеси“.

Селена Гомез

Мајли Сајрус

Првата тетоважа ја направи на 17 години.

Под нејзините гради пишува „само диши“, како трибјут за нејзината пријателка Ванеса која имала рак на белите дробови.

Мајли Сајрус

Кара Делавињ

На нејзината рака си ги има истетовирано иницијалите од своето име Кара Јоселин Делавињ.

Кара Делавињ

Анџелина Џоли

Таа на нејзината рака ги има истетовирано координатите на местото на раѓање на своите деца и сопругот, Бред Пит.

Анџелина Џоли