Тајната откриена: Што се случувало со Мајкл Џексон и Елизабет Тејлор

Од чајанка со шимпанзо, до гледање „Дизни“ филмови, пријателството на Мајкл Џексон и Елизабет Тејлор беше најнеобично во цел Холивуд.

Ги спои нивната моќ во светот на познатите, тешкиот живот како деца и проблемите со дрогата.

Мајкл и направи голем гест, боејќи еден од апартманите во неговиот ранч „Neverland“ во истата нијанса како нејзините виолетови очи.

Neverland

Таа на тоа возврати купувајќи му мајмун од Азија.

Тие се запознаа шест месеци по смртта на Ричард Бартон, љубовта на нејзиниот живот.

Мајкл Џексон и Елизабет Тејлор

На еден од нивните први состаноци, Лиз го поканила Мајкл на чај, на кој тој дошол со неговото шимпанзо, Боби, а Тејлор немала ништо против зашто обожавала животни.

Таа својата врска со Мајкл ја објаснува како најчистата љубов што ја има почуствувано.

Мајкл Џексон

Смртта на Џексон во 2009 година, ја уништи Елизабет која и сама имаше здравствени проблеми.

Таа на својот Твитер профил напиша: „ моето срце, мојот разум се скршени. Го сакав Мајкл со целото мое срце и неможам да си го замислам животот без него. Бевме многу блиски и имавме многу забавни моменти заедно.“

Мајкл Џексон и Елизабет Тејлор