Пресврт во разводот на годината: Амбер одби да сведочи против Џони Деп

После модриците, обвинувањата за насилство, пијаните ноќи и продажбата на имотот, славниот пар повторно е на насловнте страници заради инцидентот кој се случил во канцеларијата на адвокатот на актерот.

Таму бил закажан разговор со Амбер, која во таа прилика одбила да сведочи против Џони.
Адвокаите на актерот тврдат дека 30-годишната актерка плачела, вриштела и не сакала ни да влезе во просторијата.

Џони Деп и Амбер Херд

Правниот тим на Деп сега бара тужбата за насилство против ѕвездата да биде повлечена, или ќе бараат на Харт да и биде забрането да сведочи.

Сепак, извори блиски до актерката тврдат дека сопругата на Џони била подготвена да сведочи, но не и дозволиле адвокатите на нејзиниот сопруг.

Џони Деп и Амбер Харт

Џони Деп предал листа од преку 20 сведоци, кои ќе потврдат дека актеркат лажела дека ја тепал.

Меѓу сведоците се двајата полицајци кои дошле во нивниот дом ноќта кога актерот наводно ја удрил својата сопруга и двајца од обезбедувањето во нивната зграда кои тврдат дека никогаш не ја виделле Херд со модрици.

Амбер Харт