Цеца Ражнатовиќ ретко се огласува по повод различни написи за неа во медиумите, но по објавувањето на веста дека Михајло, еден од синовите на Жељко Ражнатовиќ Аркан тврди дека татко му е жив и дека Цеца го крие во својата вила на Кипар, фолк-пејачката одлучи да искоментира:
„Иако станува збор за коментирање на глупост сепак ќе кажам дека најмногу би сакала тоа да беше вистина! Никој немаше да биде посреќен од моите деца, но да не губиме време на празни приказни. Никој немаше да ме чепка да беше Жељко жив. Тоа го знаат и тие. Ќе бевме големо и среќно семејство“.