Селена Гомез го нападна Џастин Бибер: „Не објавувај слики со новата девојка“

Последниве неколку дена, Џастин Бибер го преполни неговиот Инстаграм профил со фотографии, заедно со 17-годишната Софија Ричи, во Токио.

Ова ги вознемири неговите фанови,пола заради тоа како се движи нивната врска, а пола затоа штто Бибер веднаш застана во одбрана на Ричи.

Тој на својот Инстаграм профил напиша: „ Ќе го направам мојот профил приватен ако не престанете со омразата“.

Попладнево, и Селена Гомез јавно се изјасни во врска со омразата на неговите фанови.

A photo posted by Justin Bieber (@justinbieber) on

Таа му напиша на Бибер: „Ако не можеш да ја поднесеш омразата, прекини да објавуваш слики со девојка ти. Немој да им се лутиш на твоите фанови. Тие те сакаат“.

Селена Гомез