Адел го одби настапот на „Super Bowl“: „Знам дека не сум Бијонсе“

Адел, доби покана да настапува на полувремето од „Super Bowl“ натпреварот, што ќе се одржи на Хјустон НРГ стадионот, во Тексас, но пејачката ја одбила поканата.

За време на нејзиниот концерт во Лос Анџелес, ѕвездата изјавила: „Нема да настапувам на „Super Bowl“. Тоа шоу не еза музика“.

Адел

После ова пејачката додала „ Знам дека Не сум Бијонсе. Не знам да танцувам или нешто слично.“

28-годишната Адел, моментално е на тура низ Америка и планира да остане во нејзината вила во Лос Анџелес, вредна 7.8 милиони долари до крајот на Ноември.