Освен обвиненијата дека Џони Деп физички ја малтретирал сопругата Амбер Херд, нивниот развод го следат многу скандали и интриги.
Откако Амбер на суд поднела снимка, на која се гледа дека Џони се однесува насилнички во пијана состојба, актерката во доказниот материјал додала уште еден застрашувачки факт.
Имено, таа на суд доставила морничава фотографија на која се гледа дека Џони сам си го отсекол врвот на прстот во излив на бес.
Наводно инцидентот се случил кога Џони повторно бил во алкохолизирана состојба и под дејство на екстази.
Џони наводно ја обвинил Амбер дека имала афера со 61-годишниот актер, Били Боб во текот на снимањето на филм.
Били Боб Тортон, со Амбер глумеше во еден филм пред осум години, а и во новото остварување „Лондонски полиња“, кој ќе излезе на крајот на годината.
Фотографиите од крвавиот прст, како и сè што Амбер изјавила, влегле во доказниот материјал во постапката за насилство, која се води против актерот.
Амбер додалa дека нејзиниот наскоро бивш сопруг не побарал лекарска помош речиси 24 часа, и дека поради тоа лекарите морале да користат дела од кожата од неговата рака за да му го сошијат прстот.
Таа исто така навела дека Џони во текот на врската и бракот неколку пати ја обвинил дека имала сексуални односи со разни мажи.
Новата спогодба околу поделбата на имотот е поднесена во судот, но двете страни треба да се согласат со тоа за разводот да се приведе кон крајот.