Сега е и дизајнер: Кети Пери со своја колекција на чевли

Кети Пери, знае како да ја испромовира нејзината претстојна колекција на чевли.

31-годишната поп дива се појави на „Fn Platform“, во Лас Вегас, во високи салонки со необична штикла во форма на цигара.

Кети Пери, која е позната по уникатниот стил, веднаш ја информира јавноста за нејзиниот нов потфат.

Кети Пери

Колекцијата ќе се состои од патики, сандали и високи потпетици, а ќе чини од 59 до 299 долари.

Нејзината фенси колекција на чевли, ќе им биде достапна на купувачите од идната пролет.

Кети Пери кондури