Да се одбере правата боја на коса не е воопшто едноставно.
Да се биде во тренд е одлично, но да се најде боја на коса, која одговара на вашиот тен и бојата на очите е вистински предизвик за фризерите, но и за вас.
Но, оваа есен тренд е една прекрасна природна боја која изгледа одлично скоро кај сите, а тоа е топлата чоколадна боја.
Чоколадните нијанси ќе делуваат сензуално, ќе ги скријат испуканите врвови и ќе го истакнат сјајот на косата.
Овој нов тренд може да го добиете со комбинирање на различни техники за вадење прамени, или ако сте природна бринета одличен избор е „Диа Ричес“.
Палетата на чоколадни нијанси не е голема, па најдобро ќе биде да се консултирате со вашиот фризер.