После 4 златни медали, го запозна и симпатијата: Зак Ефрон допатува во Рио за да се сретне со Симон Билс

Ова е навистина година на американската олимписка гимнастичарка Симон Билс.

По нејзиниот четврти златен медал на Олимпијадата во Рио, Симон се запозна со нејзината симпатија.

Откако претходно призна дека отсекогаш и се допаѓал актерот Зак Ефрон, кога го виде во бекстејџот во Рио неможеше да биде повозбудена.

Веројатно за неа тоа беше уште еден исполнет сон.

Симон и Зак, почнаа да комуницираат на Твитер, откако гимнастичарката призна дека Ефрон и е симпатија од детството.